Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата
    • Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата
    • Муцунски и Петрова на иста маса: Средба за односите меѓу Македонија и Бугарија
    • „Експо 2027 Белград“ во Скопје: Можности за македонските компании, институции и организации
    • „Појадок со ХЕМА-ОНКО“: Отворен разговор за предизвиците на онколошките пациенти
    • Собранието ќе расправа за администрацијата, шумите и платите
    • Прекинот ќе трае до 19 часот – Ќе нема струја со часови во делови на Скопје
    • Од минус до скоро 30 степени: По сонцето УХМР најавува промена со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до Мицкоски: „Нека објави официјални податоци, не лична анализа“

    СДСМ до Мицкоски: „Нека објави официјални податоци, не лична анализа“

    20.08.2026 во 09:10Updated:20.08.2026 во 09:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ.

    -Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. Тоа не е успех на неговата влада. Тоа е споредба со најтешкиот месец на глобална криза.Платите и пензиите ги дели на месеци, ги крои процентите, па вели „овие бројки не можете да ги лажирате“. Може, велат од опозицијата.

    -Кога самиот си ја прави анализата, кога бира период, кога го крие апсолутниот износ. Граѓаните не живеат од „70% побрзо“. Живеат од тоа што останува по сметките, киријата и потрошувачката кошница. Дизелот е 100 денари. Пиперката на нива 40. Храната во продавница расте. Фабрики се затвораат. Инвестициите паднаа. Последниот квартал 0,3 %. Тоа се исто бројки. Само не влегуваат во неговата презентација. Долгот го продава како намален, а државата ја задолжија со 2.5 милијарди за две години. Буџетот е „во кондиција“, додека секоја недела има ново задолжување. Пензиите „325%  побрзо“, а за вториот столб се подготвува национализација. Мицкоски вели дека не може да води политика на чувства. Точно.Затоа нека престане да води политика на измислена статистика. Ако му е подобро на граѓанинот, ќе се види во фрижидерот и во паричникот. И двата се празни, велат тие.

    Доадаваат дека тоа е единствената компаративна анализа што важи.

    -Нека објави официјални податоци од Заводот, не „лична анализа“. Нека каже колку чини потрошувачката кошничка денес и колку чинеше кога дојде. Нека каже зошто земјоделецот се тепа за 40 денари додека тој држи лекција за раст. Дотогаш ова се бројки за телевизија, не за трпеза, велат СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата

    08.10.2026 во 08:02

    Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата

    08.10.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.