Close Menu
Press24
    Најново

    Стојанче Ангелов со нов апел: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

    17.08.2026 во 15:29

    Ноќна акција на полицијата: Спасен изгубен параглајдерист од Полска на Даутица

    17.08.2026 во 14:54

    Приведен скопјанец: Се заканувал на внукот и се обидел да го нападне со тврд предмет

    17.08.2026 во 14:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојанче Ангелов со нов апел: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
    • Ноќна акција на полицијата: Спасен изгубен параглајдерист од Полска на Даутица
    • Приведен скопјанец: Се заканувал на внукот и се обидел да го нападне со тврд предмет
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик, изградена пешачка патека од 1,5 километри
    • Најмладиот заразен со западнонилска треска во Македонија има 25 години
    • „Негователката ми ја стисна ногата“: Мајка пријавила во полиција дека пет-годишната ќерка била удрена во градинка во Хром
    • Крвав инцидент во Батинци: Петмина нападнале семејство, татко и син повредени со остар предмет
    • Вработена во беровска градинка згазнала дете, маж влегол во установата и ѝ се заканувал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојанче Ангелов со нов апел: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

    Стојанче Ангелов со нов апел: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

    17.08.2026 во 15:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати нов апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорност во текот на летниот период за да се спречат пожари на отворен простор.

    При обиколка на подрачјето покрај реката Треска, Ангелов преку видеопорака укажа на конкретен пример каде што било поставено огниште за скара во непосредна близина на сува трева и суви гранки кои водат кон шумата.

    Тој предупреди дека ваквиот невнимателен однос во услови на високи температури и суво време претставува сериозна опасност од избувнување на шумски пожари.

    – Видете го ова. Видете ја оваа сува трева. Видете го овој куп суви гранки, кои директно водат кон блиската шума. Ова е рецепт за катастрофа. Дали треба да се запали ова преубава шума за некому да му преработи совеста. Секојдневно повикувам, предупредувам и ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето поведение за да не предизвикаат пожар. Секој ден нагласувам дека е доволно само една искра за да настане вистинска катастрофа – изјави Ангелов.

    Првиот човек на ДЗС изрази разочараност што и покрај постојаните предупредувања од институциите, на терен сè уште се забележува палење оган на отворено.

    – Уште еднаш ве молам, не палете оган во текот на летото. Доволно е само искра за да настане катастрофа – порача Ангелов.

    Прочитај повеќе

    Ноќна акција на полицијата: Спасен изгубен параглајдерист од Полска на Даутица

    17.08.2026 во 14:54

    Приведен скопјанец: Се заканувал на внукот и се обидел да го нападне со тврд предмет

    17.08.2026 во 14:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.