Close Menu
Press24
    Најново

    Најмладиот заразен со западнонилска треска во Македонија има 25 години

    17.08.2026 во 14:35

    „Негователката ми ја стисна ногата“: Мајка пријавила во полиција дека пет-годишната ќерка била удрена во градинка во Хром

    17.08.2026 во 14:27

    Крвав инцидент во Батинци: Петмина нападнале семејство, татко и син повредени со остар предмет

    17.08.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмладиот заразен со западнонилска треска во Македонија има 25 години
    • „Негователката ми ја стисна ногата“: Мајка пријавила во полиција дека пет-годишната ќерка била удрена во градинка во Хром
    • Крвав инцидент во Батинци: Петмина нападнале семејство, татко и син повредени со остар предмет
    • Вработена во беровска градинка згазнала дете, маж влегол во установата и ѝ се заканувал
    • Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки
    • Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете
    • Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните
    • МЗШВ: Обезбедени се 500.000 вакцини против сипаници кај овците од Турција, вакцинирањето на сопствен трошок ќе се санкционира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмладиот заразен со западнонилска треска во Македонија има 25 години

    Најмладиот заразен со западнонилска треска во Македонија има 25 години

    17.08.2026 во 14:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска во земјава има 25 години и се наоѓа во стабилна здравствена состојба, додека викендов е регистриран трет смртен случај кај 61-годишен пациент со сериозни придружни заболувања.

    Досега во државава лабораториски се потврдени 35 случаи на вирусот, а за уште тројца суспектни се чекаат резултатите од дијагностиката.

    На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 16 пациенти, од кои шестмина се во критична состојба. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, соопшти детали за нивната возраст и состојба:

    „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен, но е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција“, соопшти Цана.

    Тој објасни дека околу 1 отсто од заболените развиваат невроинвазивна форма со симптоми како висока температура, силна главоболка, закочен врат и дезориентираност.

    Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека за состојбата се известени сите инфективни одделенија и матични лекари, а мерките се насочуваат според местото на заразување.

    „Инкубацијата на вирусот е 3 до 14 дена. Сите пациенти се со епидемиолошка анкета и се лоцира дали патувале во странство, дали патувале надвор од местото на живеење внатре во земјата, и каде се движеле. Има луѓе со урбани адреси, но имале и викендичка, и најверојатно во тој период престојувале на овие места, така што во основа сите мерки се насочуваат таму каде што е најверојатното место на заразување. Една од мерките е лична заштита од убоди од комарци, и отстранување на застоена вода во дворови или непосредна околина. Општините каде што е прогласена епидемија сите ќе добијат и СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје кои веќе се комуницираат“, кажа Клековски.

    Здравствените власти ставаат посебен фокус на таргетирано прскање против комарци од земја, откако ДСЗИ изврши проверки во сите скопски општини.

    „Сметаме дека поефективно е таргетирано прскање, отколку со аеро. Аеропрскањата ќе се прават согласно плановите“, рече Клековски, додавајќи дека сите препарати се одобрени од СЗО.

    Министерот предупреди на зголемена претпазливост при користењето на водените површини и базените во текот на август и септември, кога епидемиите го достигнуваат врвот. Покрај ова, се врши мониторинг и врз дивите птици и живината, при што граѓаните се повикуваат да пријавуваат евентуални угинат птици до АХВ.

    Прочитај повеќе

    „Негователката ми ја стисна ногата“: Мајка пријавила во полиција дека пет-годишната ќерка била удрена во градинка во Хром

    17.08.2026 во 14:27

    Крвав инцидент во Батинци: Петмина нападнале семејство, татко и син повредени со остар предмет

    17.08.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.