Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Гори во Зелениково, Студеничани, Велес, Штип, Сарај и Македонски Брод

    ЦУК: Гори во Зелениково, Студеничани, Велес, Штип, Сарај и Македонски Брод

    17.08.2026 во 13:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на државата до 13 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според податоците од ЦУК, активни пожари има на следните локации:

    • Општина Студеничани: кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума;
    • Општина Македонски Брод: кај местноста Видуш, како и кај селата Драгов Дол и Локвица, каде се опожарени ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
    • Општини Велес и Зелениково: кај село С’лп и местноста Горно Село, со проширување кон село Карабуњиште (Велес), како и кон селата Добрино и Тисовица (Зелениково), каде гори ниска вегетација, дабова, габерова и квалитетна дабова шума;
    • Општини Јегуновце, Желино и Сарај: кај селата Копанце и Туденце (Јегуновце) и село Церово (Желино), со проширување кон село Бојане (Сарај), каде е зафатена мешана шума;
    • Општина Штип: во населбата Балканска, каде гори ниска вегетација.

    Под контрола се ставени пожарите на локалните депонии во Општина Кратово (кај село Железница) и во Општина Делчево.

    Пожарникарите целосно изгаснаа три пожари: во Општина Куманово кај село Табановце (местност Сланиште), како и два пожари во Општина Крушево – кај селата Алданци и Норово, и кај селата Борино и Житоше.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.