Close Menu
Press24
    Најново

    Мислеле дека спие, па сфатиле дека нивниот син починал за време на возењето – Брачен пар во Италија извозил 100 км мислејќи дека синот на задното седиште спие

    17.08.2026 во 11:03

    Страшна трагедија: Десет лица загинаа во превртување на туристички автобус во Рио де Жанеиро

    17.08.2026 во 10:59

    Битолчанец си го запалил сопственото стовариште – полицијата го приведе

    17.08.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мислеле дека спие, па сфатиле дека нивниот син починал за време на возењето – Брачен пар во Италија извозил 100 км мислејќи дека синот на задното седиште спие
    • Страшна трагедија: Десет лица загинаа во превртување на туристички автобус во Рио де Жанеиро
    • Битолчанец си го запалил сопственото стовариште – полицијата го приведе
    • Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат
    • Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение
    • Во среда е голем христијански празник – Според народните верувања, од овој ден исчезнува жешкото време
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мислеле дека спие, па сфатиле дека нивниот син починал за време на возењето – Брачен пар во Италија извозил 100 км мислејќи дека синот на задното седиште спие

    Мислеле дека спие, па сфатиле дека нивниот син починал за време на возењето – Брачен пар во Италија извозил 100 км мислејќи дека синот на задното седиште спие

    17.08.2026 во 11:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Родители извозиле околу 100 километри на автопат во Италија без да забележат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот, мислејќи дека тој спие, објави „Кориере дела Сера“.

    Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца, додека семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото управувал со возилото, мајката била на совозачкото место, а нивниот син седеле на задното седиште.

    Младиот човек престанал да реагира за време на возењето, но неговите родители првично претпоставиле дека се одмара. Откако по долго време се обиделе да го повикаат и не добиле одговор, го запреле автомобилот на најблиското место за одмор.

    При обидот да го разбудат, сфатиле дека е во несвест и дека не дише, по што веднаш повикале итна медицинска помош.

    Лекарската екипа по пристигнувањето на местото само можела да констатира смрт. Според информациите од италијанските медиуми, причина за смртта е ненадеен срцев удар.

    Родителите на лекарите им изјавиле дека нивниот син претходно имал благи срцеви проблеми.

    Последен пат разговарале со него околу 100 километри пред да застанат, а извештаите укажуваат дека смртта настапила толку брзо што тој немал можност да побара помош.

    Прочитај повеќе

    Страшна трагедија: Десет лица загинаа во превртување на туристички автобус во Рио де Жанеиро

    17.08.2026 во 10:59

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.