Сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 38 Целзиусови степени најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Наместа ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневниот максимум ќе биде во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје се очекува слично време — сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според метеоролозите, пред нас е период на стабилно и сè потопло време. Исклучок ќе биде вторник, кога се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

