Close Menu
Press24
    Најново

    Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Хераклеа

    15.08.2026 во 11:41

    Намалени квотите за упис на факултетите, Јаневска: Се усогласуваме со пазарот на труд

    15.08.2026 во 11:36

    Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

    15.08.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Хераклеа
    • Намалени квотите за упис на факултетите, Јаневска: Се усогласуваме со пазарот на труд
    • Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти
    • Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија
    • Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна
    • Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
    • Затекнати се додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица од Битола и Прилеп
    • Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Хераклеа

    Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Хераклеа

    15.08.2026 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола.

    На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова. Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“.

    Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност. Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија.

    „Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.

    Прочитај повеќе

    Намалени квотите за упис на факултетите, Јаневска: Се усогласуваме со пазарот на труд

    15.08.2026 во 11:36

    Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

    15.08.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.