Close Menu
Press24
    Најново

    Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника

    14.08.2026 во 16:21

    Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    14.08.2026 во 16:13

    Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

    14.08.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника
    • Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе
    • Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
    • Ангелов: Подомаќински во иднина со водата, а истрагата да открие кој е виновен за загадувањето
    • Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето
    • Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото
    • Трагедија кај Омиш: Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар
    • Водата е безбедна – сите надлежни се напија од чешмата пред општината Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника

    Нов смртен случај од западнонилска треска: Почина 72-годишен скопјанец на Инфективната клиника

    14.08.2026 во 16:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава, откако на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 72-годишен маж од Скопје. Веста ја соопшти директорот на клиниката, Фадил Цана.

    „Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход“, изјави Цана.

    Пациентот бил примен во тешка општа состојба со изразена невролошка симптоматологија и тешка форма на воспаление на мозокот и мозочните обвивки. И покрај максималните напори на лекарите и мерките за интензивно лекување, состојбата му се влошувала. Директорот нагласи дека сите досегашни жртви се повозрасни лица со присутни коморбидитети и придружни заболувања.

    Во моментов, на Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 24 пациенти.

    „Кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус, додека пет се суспектни и се во тек на дијагностичка постапка“, појасни Цана.

    Од нив, седум пациенти се со потешка клиничка слика и се наоѓаат под постојан интензивен медицински надзор, а петмина се приклучени на механичка вентилација. Другите хоспитализирани пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции и се во стабилна состојба.

    Од Клиниката велат дека состојбата на сите заболени се следи континуирано, а јавноста ќе биде навремено информирана за какви било промени. Ова е втор смртен случај во земјава, откако претходно од истиот вирус почина 83-годишен пациент.

    Прочитај повеќе

    Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    14.08.2026 во 16:13

    Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

    14.08.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.