Close Menu
Press24
    Најново

    Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето

    14.08.2026 во 15:52

    Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото

    14.08.2026 во 15:49

    Трагедија кај Омиш: Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар

    14.08.2026 во 15:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето
    • Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото
    • Трагедија кај Омиш: Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар
    • Водата е безбедна – сите надлежни се напија од чешмата пред општината Гостивар
    • Кисела Вода повторно ќе прска против комарци во Драчево: Граѓаните да ги затворат прозорците и вратите
    • Герапетритис по разговор со иранскиот министер: Грција подготвена да понуди техничка помош за дипломатски решенија
    • (ФОТО+ВИДЕО) Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана
    • Тешка сообраќајка во Охрид: Со мопед се удрил во „мерцедес“, малолетник заврши со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето

    Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето

    14.08.2026 во 15:524 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се движи во една иста насока и дека истите политики не даваат исти резултати насекаде.

    За Македонија, ова не е далечна европска статистика. Забраните се важни, но ако беа доволни, земјите со најстроги правила ќе имаа најниска употреба на тутун и сродни производи. Анализата на податоците покажува нешто друго: резултат носи системот.

    Франција: кога даночната политика ги достигнува своите граници

    Франција со години е европски предводник во политиките за намалување на пушењето преку високи акцизи и континуирано зголемување на цените на цигарите за да се намали потрошувачката. Но, француското искуство покажува дека кај производи кои создаваат зависност, реалноста е покомплексна. Дел од пушачите навистина престануваат, но дел не се откажуваат од навиката, туку ја менуваат точката на купување – таа се префрла на прекугранични купувања, шверц или нелегални канали.

    Токму затоа Франција претставува силен европски пример за опасноста од неконтролирано ширење на нелегалниот пазар, со значителен обем во рамки на ЕУ, при што државата губи милијарди евра потенцијални буџетски приходи.

    Францускиот пример покажува дека ценовната политика има свои граници доколку не е проследена со силна царинска контрола, ефективна борба против шверцот, систем за следење на производите и мерки кои ја намалуваат побарувачката.

    Грција: реалноста е посилна од идеологијата

    Грција ја додава втората лекција: регулаторната политика мора да ја признае реалноста. Падот од 24,2% во 2022 на 22,6% во 2025 година покажува дека и силно вкоренетите навики, како онаа за пушењето во Грција, можат да се менуваат. Но, не преку ноќ и не само со една мерка.

    Грчката рамка комбинира строги правила за малолетници, ограничувања за рекламирање и продажба, нотификација и оданочување, но и регулиран простор за алтернативи за возрасните пушачи бидејќи не настапува со илузијата дека секој пушач ќе престане уште утре.

    А реалниот живот е ваков: човек што дваесет години пушел ретко ја менува навиката затоа што некој му одржал лекција. Јавната политика има избор – или ќе го третира како проблем што треба да се казни, или како човек кому треба да му се понуди подобар, регулиран и помалку штетен пат.

    Белгија: ниската стапка не значи дека проблемот е решен

    Според најновите податоци на Евростат, Белгија е меѓу земјите со најниска дневна употреба на тутун и сродни производи во Европската Унија, со 13,6%.

    Но, белгиското искуство покажува дека намалувањето на пушењето не значи автоматски и исчезнување на сите ризици. И покрај релативно ниската распространетост, Белгија се соочува со значителен раст на нелегалната трговија со цигари, меѓу другото и поради нејзината улога како важен транспортен и логистички центар во Европа.

    Најважната лекција од Белгија е дека успехот на една политика не треба да се мери само според стапката на пушење. Подеднакво важно е дали државата успева да го задржи пазарот во легални и контролирани рамки. Рестрикциите можат да дадат резултат, но само ако се придружени со ефикасни инспекции, силни институции, царинска контрола и постојана борба против нелегалните канали.

    Турција: кога строгоста не е доволна

    Турција е практичен тест за тезата дека колку е построг законот, толку повеќеслоен станува проблемот. Таму има забрани, ограничено рекламирање, силни кампањи, строги правила во јавниот простор, големи здравствени предупредувања и сериозни ограничувања за електронските цигари и дел од новите никотински производи.

    Но и покрај сите строги мерки како по учебник, Турција останува меѓу земјите со највисока употреба на тутун и сродни производи во регионот: 29,6% во 2025 година, повеќе од 28,2% во 2022 година.

    Тоа не значи дека мерките не се важни. Значи дека нема едноставно решение за сложен проблем. Регулативата може да го промени опкружувањето, но многу потешко ги менува навиките. Ако милиони луѓе пушат со години, не е доволно само да им се каже што не смеат. Мора да им се понуди и пат кон промена.

    Решението не е најстрог закон, туку најпаметна политика

    Европската статистика не бара повеќе идеологија, туку повеќе здрав разум. Таа не покажува дека најстрогите земји автоматски имаат најниска употреба. Покажува дека резултатите доаѓаат тогаш кога ограничувањата се дел од поширок систем: превенција, заштита на малолетници, поддршка за откажување, точни информации, регулирани алтернативи, предвидлива акцизна политика и институции што навистина ги спроведуваат правилата.

    Најлошата политика е онаа што звучи строго, изгледа решително, а не менува ништо. Најдобрата политика е онаа што ги штити младите, им помага на пушачите да се откажат, го намалува просторот за нелегалниот пазар и им дава на возрасните пушачи реална, регулирана и помалку штетна алтернатива.

    Прочитај повеќе

    Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото

    14.08.2026 во 15:49

    Водата е безбедна – сите надлежни се напија од чешмата пред општината Гостивар

    14.08.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.