Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор ширум земјата, од кои шест се сè уште активни.
Според извештајот на ЦУК, под контрола се ставени два пожари, додека четири се целосно ликвидирани.
Активни жаришта има во неколку општини:
- Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (зафатена е мешана шума);
- Општина Македонски Брод: во м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);
- Општина Новаци: с. Маково – с. Црничани – с. Рапеш (ниска вегетација и деградирана шума);
- Општина Велес: с. Слп (ниска вегетација и ретка дабова шума);
- Општина Јегуновце: с. Копанце (шума);
- Општина Кичево: с. Зајас (нискостеблеста шума).
Под контрола на противпожарните екипи се пожарите кај селата Алданци и Норово во Општина Крушево (нискостеблеста деградирана дабова шума), како и пожарот на градската депонија во Општина Делчево.

