Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    21.09.2025 во 11:342 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на, како што велат, обидите на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата ВРЕДИ да ги контролираат албанските гласови, најавувајќи дека на локалните избори на 19 октомври „ќе победи волјата на народот“.

    „Секојпат кога Мицкоски повторува дека нема да има предвремени избори, тој всушност признава страв од неминовниот пораз што го очекува – и тој и неговиот политички инструмент меѓу Албанците, ВРЕДИ“, се вели во соопштението.

    Од ДУИ велат дека ВРЕДИ не е изборот на Албанците, туку „вазална структура инсталирана од ВМРО-ДПМНЕ за да ги држи Албанците покорени“. Како доказ за тоа, од партијата го посочуваат и јавното признание на Изет Меџити дека власта не зависи од албанските пратеници, туку од волјата на Мицкоски.

    „Албанците нема да дозволат да бидат претставувани од такви политички вазали. Гласот на 19 октомври ќе биде толку јасен што ќе го отвори патот за предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението.

    ДУИ истакнува дека веќе 20 години е столб на еднаквоста, интеграцијата и консензуалното одлучување во државата, и дека ќе продолжи да го брани достоинството на Албанците.

    „Албанскиот глас е слободен, суверен и одлучувачки – и тој ќе ја одреди иднината на државата. На 19 октомври, Албанците самите ќе ги изберат своите претставници. Ќе победи волјата на народот“, се наведува во заклучокот на соопштението.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.