Унгарија започна со изградба на брана на реката Дунав, чиј водостој драстично се намали поради сушата, со цел да се обезбеди непречено ладење на нуклеарната централа Пакш.
Информацијата ја потврди унгарскиот премиер Петер Маѓар за време на посетата на Пакш, лоциран на 100 километри јужно од Будимпешта.
„Започнавме со изградба на ниска брана што трајно ќе придонесе за зголемување на нивото на водата на Дунав“, изјави Маѓар за новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта.
Поради екстремните жештини и сушата, во моментот работат само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата, која вообичаено покрива една третина од унгарската потрошувачка на струја.
Пред девет дена централата била на работ на целосно затворање, при што работата на последната турбина зависела од флуктуации од само неколку милиметри на нивото на реката.
Слична е состојбата и во регионот, каде романските власти објавија дека го исклучуваат и вториот реактор во нуклеарната централа Чернавода поради нискиот водостој на Дунав.
Унгарската брана ќе се гради од околу 185.000 кубни метри карпа, а војската работи деноноќно за проектот да заврши во рок од четири недели.
Според проценките на премиерот, проектот вреди 19 милиони долари и треба да го покачи нивото на Дунав за 1,2 метри пред системот за ладење на електраната.

