Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, проследено со засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 33 степени.

