Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати сочувство по повод смртта на Наум Бурески, кој ги вршеше функциите потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борците и претседател на Градскиот одбор – Скопје.
Од партијата посочуваат дека Бурески како долгогодишен активист даде значаен придонес во општеството.
Како долгогодишен активист и член на Сојузот на борците, Бурески беше посветен на зачувувањето и афирмирањето на антифашистичките и социјалдемократските вредности. Со своите активности и посветеност, Бурески остави траен белег во општеството и придонесе за негување на вредностите на антифашизмот, солидарноста и правдата – наведуваат од СДСМ.
Од партијата упатија порака и до неговите најблиски и соработници.
Во овие моменти на тага, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите, соработниците и до Сојузот на борците. Нека почива во мир. Слава му! – додаваат од партијата.

