Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари: Правдата не смее да биде селективна, а еднаквоста да остане само на хартија

    Шасивари: Правдата не смее да биде селективна, а еднаквоста да остане само на хартија

    13.08.2026 во 13:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Охридскиот рамковен договор е институционална одговорност и стандард што треба да продолжиме да го градиме секој ден, а не само документ од нашата историја, порача министерот за правда Јетон Шасивари по повод 25-годишнината од неговото потпишување.

    Тој посочи дека одбележувањето на овој јубилеј на свечената седница на Владата претставува потсетување на историскиот момент со кој земјата тргна по патот на мирот, стабилноста и соживотот, но пред сè значи одговорност за иднината.

    За мене, правдата не може да биде селективна. Еднаквоста не смее да остане само принцип на хартија. Тие мора да бидат дел од секојдневното функционирање на државата и од довербата на секој граѓанин во институциите – истакна министерот за правда.

    Шасивари нагласи дека пораката по четврт век од потпишувањето на договорот е целосно јасна.

    Иднината на земјата се гради врз почитувањето, еднаквоста, владеењето на правото и достоинството на секој граѓанин – додаде тој.

    Според него, обврска на сите институции е Договорот да не се третира како завршено поглавје, туку како дел од континуиран процес за градење демократска, праведна и еднаква држава.

    25 години мир. 25 години одговорност. Една заедничка задача: да изградиме поправедна иднина за сите! – заклучи Шасивари.

    Прочитај повеќе

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.