Брачен пар од Босна и Херцеговина е под истрага во Пореч откако го оставиле своето малолетно дете само во заклучен автомобил пред трговски центар за да заминат на шопинг.
Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, кои го оставиле детето во возилото со затворени прозорци на паркингот пред трговскиот центар.
Посетителите го забележале детето во автомобилот без облека и испотено, по што веднаш ги алармирале сите надлежни служби — итна медицинска помош, противпожарната служба и полицијата.
Детето било оставено самo во заклученото возило речиси еден час.
По пристигнувањето на полицајците, родителите се појавиле на паркингот и го отклучиле автомобилот, по што детето било веднаш извадено.
Медицинскиот преглед покажал дека детето, за среќа, нема повреди.
И покрај тоа, хрватската полиција го третира случајот со најголема сериозност поради прекршување на правата и безбедноста на детето, а по целосното утврдување на сите околности најави соодветни мерки против родителите.

