Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Македонија се искачи за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност

    13.08.2026 во 10:29

    Падна цената на нафтата

    13.08.2026 во 10:20

    Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во водата, последиците ќе беа огромни

    13.08.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Македонија се искачи за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
    • Падна цената на нафтата
    • Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во водата, последиците ќе беа огромни
    • Проблеми во Романија: Поради пад на водостојот на Дунав се исклучува реактор во нуклеарката „Чернавода“
    • СДСМ: Гостивар се труе пет недели
    • ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат
    • Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ
    • Зеленски алармира: Украина има само десеттина од потребните ракети за одбрана од Русија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Македонија се искачи за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност

    Андоновски: Македонија се искачи за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност

    13.08.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија го освои 30. место меѓу 155 рангирани држави на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), бележејќи скок од 29 позиции со освоени 84,17 поени од можни 100, соопшти Министерството за дигитална трансформација.

    Со овој резултат, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти.

    Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA). Индексот ја оценува подготвеноста на државите преку 49 индикатори распоредени во 12 области, опфаќајќи ги стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани. Оценувањето се заснова на јавно достапни закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практично спроведени мерки – појаснуваат од Министерството.

    Според податоците, земјава бележи максимални оценки во областите на сајбер-политиките, заштитата на критичната инфраструктура, заштитата на личните податоци и борбата против компјутерскиот криминал.

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека резултатот е потврда за спроведените измени во законската рамка и институционалната координација.

    Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата – изјави министерот Андоновски.

    Од ресорното министерство истакнуваат дека напредокот се должи на донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028, најавувајќи продолжување на активностите за зајакнување на дигиталната отпорност.

    Безбедна дигитална држава значи сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација – се наведува во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Доктор Чибишев: Ако имаше ешерихија коли во водата, последиците ќе беа огромни

    13.08.2026 во 10:18

    СДСМ: Гостивар се труе пет недели

    13.08.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.