Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Гостивар се труе пет недели

    13.08.2026 во 10:13

    ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

    13.08.2026 во 10:11

    Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ

    13.08.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Гостивар се труе пет недели
    • ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат
    • Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ
    • Зеленски алармира: Украина има само десеттина од потребните ракети за одбрана од Русија
    • Аеродромот во Катанија останува затворен поради ерупцијата на Етна, откажани летови и на Малта
    • ЛДП: За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати
    • МВР отвори истрага: Повикани на разговор лица кои ширеле паника за водата во Скопје
    • Евровизија воведува ново правило: Победникот нема да може да организира фестивал ако е во конфликт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Гостивар се труе пет недели

    СДСМ: Гостивар се труе пет недели

    13.08.2026 во 10:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил, наведува СДСМ во соопштение.

    -Уште еден ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е „талог“. Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил, велат тие.

    Прашуваат зошто – „Затоа што никој не работи ништо освен тендери. Прскањето комарци за нив е губење време”.

    -Сега, покрај проблемот со водата што постои во над 50 места низ Македонија, имаме и нов проблем. Од кога тој замина, многумина од нив заминаа на свои екскурзии. Нам ни ги оставија проблемите и новото знаме со 12 зраци. Покрај тоа што никој од стручната јавност не излезе јасно да каже кога водата во Гостивар навистина ќе биде здрава за пиење, имаме само секојдневни ветувања дека „уште утре сè ќе биде во ред“. Исто како што сме „трета економија во Европа“, „први во туризмот“, „најдобри во авиосообраќајот“, со „најбрзорастечки плати и пензии“… Само народот не разбира, па Мицкоски ќе му нацрта. Само уште тоа и сè ќе ни биде јасно на сите, велат СДСМ.

    -Европа? Тоа веќе никој и не го споменува. Што ќе ни Европа кога таа носи независно обвинителство? Да имаше европско обвинителство, некој веќе ќе одговараше за труењето на водата, за нападите врз младите, за наместените тендери, за плацевите за Лидл, за Орбановите автобуси, за хемикалијата во Лепенец и Вардар, за депонијата што го загадува изворот. Тендер-патриотите, со својот шеф што моментално е на стручна екскурзија, си ја обезбедија Европа преку бугарски фирми и државјанства. Тие цело лето поминуваа на посебни гранични премини – не чекаа. Сега да видиме што научил Мицкоски на работниот одмор. Го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на стручната екскурзија. Официјално учи за францускиот предлог. Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил, велат СДСМ.

    Прашуваат дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка? Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт?

    -По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка – сега доаѓа ред на новото „знаење“. Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел, а сосема друго да им продава на граѓаните дома. А сите останати проблеми го чекаат. Тие не заминаа на екскурзија. Дали ќе го пречека некој на аеродром? Можеби со новото знаме? Или со нов спот за дочек на спасителот? Уште еден ден. Потоа извештај. Ние чекаме, стои во соопштението на опозицијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

    13.08.2026 во 10:11

    Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ

    13.08.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.