Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција. Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје, се наведува во соопштението на СДСМ.
-Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата. Како луѓето да имаат доверба? Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик. Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата, велат од опозицијата.
СДСМ велат „Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето”.
-Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните, стои во партиското соопштение.

