Поранешниот кинески премиер Жу Ронгџи почина во Пекинг на 97-годишна возраст по кратко боледување, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Жу ја предводи кинеската влада во периодот од 1998 до 2003 година и остана запаметен како еден од најзначајните економски реформатори во современата историја на земјата. За време на неговиот мандат беа спроведени длабоки реструктуирања на бројни државни компании, тој ја поттикна пошироката интеграција на Кина во глобалните економски текови, а во 2001 година земјата официјално се приклучи кон Светската трговска организација (СТО).
Роден во 1928 година во Чангша, Жу студирал електротехника на престижниот пекиншки универзитет Цингхуа. Пред да дојде на премиерската функција, тој ја извршуваше и функцијата градоначалник и партиски секретар на економскиот центар Шангај.

