Денеска (12.08.2026) во ОВР Пробиштип е пријавено дека околу 02:00 часот, при извршување работни задачи во рудник во село Добрево, пробиштипско, И.В.(50) од кочанско се здобил со телесна повреда.
Тој бил пренесен во Јавна здравствена установа во Пробиштип каде му била укажана помош.
Увид извршила екипа на ОВР Пробиштип.

