Close Menu
Press24
    Најново

    Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври

    27.10.2026 во 23:45

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    27.10.2026 во 23:35

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар

    27.10.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
    • Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
    • Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар
    • Автомоибил удрил во жена, починала на скопските клиники
    • Значењето може да ве изненади: Седум најчести соништа
    • Холандија нема да учествува на Евровизија и во 2027 година
    • Прво интервју по изборниот пораз: Вучиќ ја нарече актуелната состојба „ноќна мора“, но верува дека Србија ќе се разбуди
    • Моџтаба Хамние: Иран и натаму управува со Ормуската теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандал во Словенија: Лажен полицаец 18 месеци учествувал во акции на аеродромот „Брник“

    Скандал во Словенија: Лажен полицаец 18 месеци учествувал во акции на аеродромот „Брник“

    12.08.2026 во 10:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лажен полицаец успевал цели 18 месеци да се претставува како службено лице и да учествува во официјални полициски постапки на аеродромот „Брник“ во Љубљана, откривајќи низа сериозни пропусти во словенечкиот безбедносен систем.

    Според извештајот од вонредниот надзор на повеќе од 50 страници, објавен во весникот „Вечер“, полицијата имала информации за лицето уште во септември 2025 година, но не реагирала соодветно. Тој бил откриен дури на 15 октомври, откако бил забележан на фотографии како обезбедува место на сообраќајна несреќа на аеродромот.

    При апсењето кај него биле пронајдени фалсификувана легитимација, гасен пиштол и бележник. Документацијата открила дека од април 2024 до септември 2025 година тој учествувал во најмалку 16 полициски акции и се движел во простории каде што се чуваат доверливи податоци.

    Лажниот полицаец претходно работел како обезбедување на аеродромот, поради што добро ги познавал објектите и службениците. Пред колегите се претставувал како помошен полицаец, а опремата ја купувал преку интернет-порталот „Bolha“.

    Надзорот утврди неправилности и по приведувањето. Не бил извршен претрес во неговиот дом ниту му биле одземени електронските уреди, по одлука на дежурните обвинители и полициски службеници.

    Случајот резултираше со дисциплински постапки. Полицаецот кој соработувал со него подоцна доби отказ поради друг прекршок, додека командирот на аеродромската полиција, Јуре Лешњак, доби предупредување пред отказ. Сменет беше и директорот на Полициската управа Крањ, Урош Повалје.

    Специјализираното државно обвинителство потврди дека е донесена обвинителска одлука против едно службено лице и против лажниот полицаец, но деталите засега не се соопштуваат.

    Прочитај повеќе

    Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври

    27.10.2026 во 23:45

    Холандија нема да учествува на Евровизија и во 2027 година

    27.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.