Од Водовод информираа каде ќе нема вода денеска на територијата на Скопје.
-Ви најавуваме дека на ден 12.08.2026 г. поради уличен водоводен дефект на цевка Ф80 мм. на улица Георги Попхристов бр.11, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Георги Попхристов од 09:20 часот до завршување на работните активности, стои во соопштението на Водовод и Канализација – Скопје.
-Ви најавуваме дека на ден 12.08.2026 г. поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф1 цол. на улица Партизански Пат бр.73, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Партизански Пат, Илија Ристевски и с. Три Круши од 09:15 часот до завршување на работните активности, стои во соопштението.

