Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е добар, се чека на одлука за употреба за пиење

    Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е добар, се чека на одлука за употреба за пиење

    11.08.2026 во 19:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници.

    Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата за пиење треба дојде по состанок на членовите на Централниот кризен штаб.

    – Резултатите од микробиолошки анализи подолго време се добри, но проблем претставуваше зголеменото количество на хлор во водата, кој се користеше за вршење на дезинфекција. Последните испитувања се прават токму за да се утврди количината на хлор. Се надеваме дека деновиве, можеби утре или задутре, ќе се состане Централниот кризен штаб и ќе ја информира јавноста дека водата во Гостивар дефинитивно е безбедна за пиење, изјави за МИА, Зуди Џелили.

    Тој потврди дека во меѓувреме, паралелно со контролата на квалитетот на водата, надлежните работат и на стабилизирање на водоснабдувањето во подрачјата каде што сè уште има низок притисок или недостиг на вода.

    – Интензивно се работи на завршување на резервоарот во селото Горна Бањица, со што значително ќе се подобри водоснабдувањето во јужниот дел на општината во кои се населбите Горна, Долна Бањица, Циглана, Фазанерија, каде што преку ден снабдувањето е ограничено, вели Џелили.

    Проблеми со водоснабдувањето има и во селото Дебреше, каде еден дел од селото има ограничено снабдување, а еден се соочува со недостиг на вода. Состојбата во општина Гостивар се надминува преку снабдување со вода од цистерни, а на граѓаните им се дистрибуира пакувана вода. Денес, стручни екипи претпладне земаа примероци од водата на седум пунктови низ градот и ги испратија на испитување.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона во Скопје

    05.10.2026 во 13:11

    ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“

    01.10.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.