Close Menu
Press24
    Најново

    Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

    11.08.2026 во 17:08

    Превозниците од Западен Балкан чекаат одлука од Брисел: Доколку нема решение за Шенген зоната следуваат протести

    11.08.2026 во 16:55

    Полициска акција во Скопје: Уапсени три лица по кои беа распишани потерници

    11.08.2026 во 16:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли
    • Превозниците од Западен Балкан чекаат одлука од Брисел: Доколку нема решение за Шенген зоната следуваат протести
    • Полициска акција во Скопје: Уапсени три лица по кои беа распишани потерници
    • Критичните минерали стануваат приоритет за државите – Македонија ја чека реализацијата на Иловица
    • Хартиените сметки за вода и комуналии заминуваат во историјата: УЈП ги подготвува општините за е-Фактура
    • Со хумана одлука за органодарителство спасени два животи: МЗ истакна благодарност до семејството
    • Драматично расте бројот на жртви во Колумбија: Најмалку 224 загинати во силниот земјотрес
    • Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

    Водата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контроли

    11.08.2026 во 17:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење.

    Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години.

    Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје.

    Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

    Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот.

    Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника.

    Водата што ја пијат скопјани е безбедна.

    Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Стефковски на терен во Автокоманда: Се уредуваат јавните површини и се градат нови пешачки патеки

    11.08.2026 во 15:16

    „Водата за пиење е исправна, се вршат 24-часовни контроли“: Ѓорѓиевски реагира на информациите за депонијата кај Рашче

    11.08.2026 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.