Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Превозниците од Западен Балкан чекаат одлука од Брисел: Доколку нема решение за Шенген зоната следуваат протести

    Превозниците од Западен Балкан чекаат одлука од Брисел: Доколку нема решение за Шенген зоната следуваат протести

    11.08.2026 во 16:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе го почекаат состанокот со претставници на Европската комисија закажан за 1 септември во Брисел, од чиј исход ќе зависи дали ќе отпочнат со протести.

    На денешниот состанок одржан во Скопје, превозниците истакнаа дека не сакаат да излезат на протести, но доколку бидат принудени, овојпат нема да ги прекинат активностите сè до конечно исполнување на барањата за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.

    Ние ќе бидеме трпеливи, ќе се трудиме да направиме шеми за движење на возачите. Сега е период на годишни одмори, меѓутоа она што следува од септември натаму ќе биде многу трагично ако не најдеме решение. Не сакаме да му наштетиме на никого, ниту на Европска Унија, ниту на нашите држави, а најмалку на нас самите превозниците, но ако сме принудини ќе организираме протести со коишто уште еднаш ќе ги потсетиме сите дека сепак постои проблем којшто треба да се реши, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на превозници – Макам-транс.

    Превозниците се надеваат дека во Брисел ќе се најде компромис бидејќи радиокалните чекори не се во ничиј интерес.

    Одлуките за протести генерално се донесени во нашите земји и на ниво на управни одбори, но како превозници не сакаме да протестираме бидејќи тоа се одразува на целото општество, но ако бидеме принудени, ќе мора да излеземе. Искрено се надеваме и посакуваме тоа да не се случи, изјави Неџо Мандиќ од Србија.

    Здруженијата бараат стриктно почитување на правилото за 90 дена престој во последните 180 дена и прецизно пресметување на часовите, наместо цели денови при влез и излез.

    Значи, ги бараме своите 90 полни денови. Ако останат на тоа денот на влез да се пресметува како прв ден, а денот на излез како втор ден, тогаш сме во сериозен проблем и тогаш проблемот нема да биде решен бидјеќи ние не сме обични граѓани кои одат туристички во државите од Шенген зоната, туку сме професионалнци кои секојдневно, зависно од должината ан турата, работиме, нагласи Мандиќ.

    Според него, околу 50 проценти од возачите веќе одбиваат да возат поради неизвесноста и различните толкувања на правилата од страна на граничните службеници.

    Зависиме од поединци на граница и од начинот на кој ја толкуваат одлуката. Имаме тотална неизвесност. Возачите тргнуваат на пат и знаат дека го немаат потрошено времето, но кога ќе дојдат таму, еден ќе им каже едно, друг друго, еден ќе ги пушти, друг нема… Тргуваат како да се на пазар – Можам да те пуштам уште три дена, можам уште пет дена…“, а во суштина возачот знае дека не направил прекршок, вели Мандиќ.

    Засегнати од овој проблем се околу 17.000 професионални возачи од Македонија, додека на ниво на регионот таа бројка достигнува 100.000 возачи.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.