Жителите на неколку локации во Скопје и околината денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат делови од улиците „Максим Горки“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во општина Центар.
Прекин на електричната енергија од 09:00 до 12:00 часот е најавен и во селата Горна Краста и Јаболци, во општина Сопиште.
Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности во наведениот период.

