Close Menu
Press24
    Најново

    Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина

    10.08.2026 во 19:08

    Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот во Гостивар да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите

    10.08.2026 во 18:54

    МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

    10.08.2026 во 18:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
    • Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот во Гостивар да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите
    • МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
    • Грција започнува национална истрага за ветерните електрани по пожарот во Виотија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците
    • Страшен потрес од 7,4 Рихтери ја стресе Колумбија: Епицентарот кај Картаго
    • ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче
    • Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина

    Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина

    10.08.2026 во 19:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран.

    Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“.

    Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се обезбедуваат на бродовите, објасни тој.

    Спорот околу транзитните права во протокот, кој е клучна меѓународна рута за нафта, гас и вештачки ѓубрива, се смета за еден од главните поттикнувачи на неодамнешната ескалација на воениот конфликт меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе ДПА.

    Пред Соединетите Американски Држави и Израел да ја почнат војната против Иран на 28 февруари, пловидбата низ протокот се одвиваше во голема мера непречено, без патарини или такси за транзит.

    Ормуската Теснина на својата најтесна точка мери само околу 39 километри.

    Бидејќи Иран и Оман полагаат максимално право на 12 наутички милји (22,2 километри) кои се дозволени според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS) како нивни територијални води, во протокот не постојат меѓународни води.

    Конвенцијата UNCLOS гарантира право на транзитен премин и забранува блокада на комерцијални бродови. Иран не го прифаќа овој правен став.

    Целта на САД е да го вратат транзитот на нафта и гас низ Ормуската Теснина на нивото од пред војната, изјави вчера потпретседателот Џеј Ди Венс.

    Багеи одговори и на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп од вчера, пренесено од Аксиос, дека Вашингтон и Техеран се вовлечени во „шаховска партија“.

    – Независно дали зад сцената или пред рефлекторите, Иранците се докажаа како професионални шахисти, изјави портпаролот на иранското МНР.

    Прочитај повеќе

    Грција започнува национална истрага за ветерните електрани по пожарот во Виотија

    10.08.2026 во 18:18

    Страшен потрес од 7,4 Рихтери ја стресе Колумбија: Епицентарот кај Картаго

    10.08.2026 во 17:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.