Close Menu
Press24
    Најново

    Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра

    10.08.2026 во 11:20

    Топлотниот удар зема замав: Над 30 степени во 11 часот, ова се температурите низ градовите

    10.08.2026 во 11:20

    Оставиле запалена свеќа на рафт – За влакно избегнат пожар во маркет во Македонија

    10.08.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра
    • Топлотниот удар зема замав: Над 30 степени во 11 часот, ова се температурите низ градовите
    • Оставиле запалена свеќа на рафт – За влакно избегнат пожар во маркет во Македонија
    • Тешка сообраќајка ја разбуди Македонија – Повредени три деца
    • Расте цената на нафтата
    • Астролошка прогноза: Крај на тешкиот циклус за четири хороскопски знаци
    • Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила: „Мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“
    • „10 август не е само датум“ – Почит за загинатите бранители кај Љуботенски Бачила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра

    Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра

    10.08.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за оваа мера е високиот ризик од избувнување шумски пожари.

    Забраната ќе биде на сила секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Оваа одлука се однесува на критичните зони лоцирани во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е прогласен во категорија 3.

    Полицијата и надлежните служби имаат налог веднаш да ги отстрануваат сите возила и лица што ќе бидат пронајдени во забранетите зони. За секое непочитување на оваа мерка, предвидена е глоба од 300 евра.

    Ситуацијата со пожарите е критична и во други делови од земјата. Покрај Халкидики, во Атика и уште шест други грчки области е прогласен црвен аларм поради екстремен ризик од пожари.

    Налетување на екстремни временски услови дополнително го зголемуваат ризикот. Температурите достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Во комбинација со силен ветер и долготрајна суша, се создаваат идеални услови за брзо ширење на огнените стихии.

    Локалните власти и Службата за цивилна заштита упатија апел до сите жители и туристи строго да ги почитуваат упатствата. Тие повикуваат да не се влегува во ризичните шумски подрачја додека трае високата мобилизација на надлежните органи.

    Прочитај повеќе

    Аларм на Корчула: Некој снима капачи со дрон: „Не се чувствуваме безбедно“

    10.08.2026 во 10:24

    Вучиќ прогнозира долготрајна војна

    10.08.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.