Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Нови сообраќајни правила во ЕУ

    28.09.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник паднал од тротинет – со тешки повреди пренесен во болница
    • Хаварија во центарот на Скопје: Поплавена зградата на „Нова Македонија“, исклучена струјата за дел од државните институции
    • Три скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Тешка сообраќајка во Скопје: Прегазено 10-годишно дете
    • Петрушевски до Филипче: Не грижете се за Македонија
    • Голема акција во Скопје: Отстранети диви тезги и запленети 500 килограми храна кај Мавровка и Бит-пазар
    • Бети Стаменкоска Трајкоска: Транспарентноста и владеењето на правото се клучни во борбата против корупцијата
    • Мицкоски најави отворање на новообновениот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    08.08.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска, на 8 август, го одбележуваат празникот Света Петка Летна, посветен на преподобната маченица Параскева Римјанка.

    Култот кон оваа светителка кај македонскиот народ е исклучително раширен, а во народот таа се смета за заштитничка од разни несреќи и многубројни болести.

    Во православниот календар постојат три личности со исто име — Света Параскева (Петка), поради што кај верниците често се мешаат нивните ликови. Првата е Света Петка – Римјанка, втората е Света Петка од Иконија, а третата е Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата, чиј празник Петковден се одбележува на 27 октомври.

    Името Параскева потекнува од значењето „подготовка“, бидејќи сите три светителки биле родени во петок — ден за подготовка пред саботата, која кај Евреите била празник.

    Според житието за Света Петка Римјанка, таа била единствена ќерка на римски христијани родена по искрени молитви. По смртта на родителите, таа го раздала имотот на сиромашните, се замонашила и активно го проповедала христијанството во време кога верата била жестоко прогонувана.

    Поради вербата била подложена на жестоки измачувања од римските власти, вклучително и фрлање во котел со врело масло и катран, од каде излегла неповредена. По повеќе обиди за нејзино откажување од верата, во II век била погубена по наредба на кнезот Тарасиј, а нејзините мошти подоцна биле пренесени во Цариград.

    Со нејзиното име се поврзани голем број чудотворни икони и лековити води, познати како петочни води. Поради почитувањето на светителката, во минатото во одделни краишта, како Мариово, петокот се празнувал дури и повеќе од неделата.

    Прочитај повеќе

    Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    29.09.2026 во 09:49

    Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања

    29.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.