Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез во државата попладнево изнесува околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

