Најмалку седум лица загинаа откако ученик отвори оган во училиште во покраината Нонтабури, северно од Бангкок.
Според информациите од полицијата, вооружениот напаѓач претходно ги убил и своите баба и дедо во нивниот дом, пред да се упати кон училиштето и да почне да пука.
Инцидентот се случил околу 10 часот наутро по локално време, кога напаѓачот влегол во училиштето вооружен со пиштол.
Според тајландскиот јавен радиодифузен сервис PBS, тој испукал вкупно 26 куршуми.
За време на нападот, наставниците веднаш реагирале и ги евакуирале учениците во училниците. Тие ги заклучиле вратите, ги изгаснале светлата и им наредиле на децата да лежат на подот додека да пристигнат полициските екипи и властите.
Според портпаролот на тајландската полиција, меѓу загинатите е и самиот вооружен напаѓач.
Првично беше објавено дека во нападот загинале тројца наставници и тројца ученици.
Сепак, во подоцнежните официјални соопштенија на властите се наведува дека бројот на убиени наставници се искачил на петмина.

