Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12

    „Тато, не оди на Октоберфест…“Семејството на Александар го предупредило во пресрет на трагедијата

    23.09.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата
    • Тетовчанец заврши во Идризово – ќе лежи 18 месеци во затвор
    • Приведени пиромани: 63-годишник палел подземни контејнери кај Соборниот храм, четворица фатени за предизвикан пожар на нива во Бутел
    • Рубио: На Путин не му оди на фронтот – Русија не може да ја добие војната
    • Шасивари на форумот за структуриран дијалог: Евроинтеграциите се длабока институционална трансформација, а не само пропис на закони
    • Подгответе се: УХМР најавува голем пресврт
    • Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови
    • Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарникарите со полни раце работи вечерва – гори на четири локации

    Пожарникарите со полни раце работи вечерва – гори на четири локации

    07.08.2026 во 19:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 18 пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата заклучно до 18:00 часот.

    Според најновиот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментот четири пожари се активни, два се под контрола, а 12 се целосно изгаснати.

    Активни пожари има во Општина Новаци во селото Гнеотино на местото викано Ергела, каде што гори ниска вегетација, како и во Општина Долнени кај селата Ропотово и Бело Поле, каде што е опожарено стрниште.

    Активен оган е забележан и во Општина Струмица, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино, каде што горят стрниште и ниска вегетација, а се интервенира и во Општина Македонски Брод кај селото Слатина, на местото Слатински Мост, каде што е зафатена ниска вегетација и грмушки.

    Под контрола се поставени пожарите во Општина Делчево на градската депонија, како и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница на местото викано Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

    Екипите на терен успеале целосно да изгаснат 12 пожари ширум државата.

    Изгаснати се пожарите во Петровец (помеѓу Долно и Средно Коњаре), Карпош (Момин Поток), Бутел (село Љуботен) и Кичево (село Црвивци).

    Исто така, целосно се ликвидирани и пожарите на три локации во Гостивар (Паталишта, Кејот на Вардар и меѓу Чајле и Форино), две локации во Могила, како и во Тетово (село Селце), Василево (село Доброшинци) и Прилеп кај Германските гробишта.

    Прочитај повеќе

    Регионална конференција за воени злосторства во Скопје: Обвинителите од Западен Балкан и претставници од Хаг со фокус на соработката и правдата

    23.09.2026 во 12:40

    Тетовчанец заврши во Идризово – ќе лежи 18 месеци во затвор

    23.09.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.