Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Православните верници денеска го одбележуваат Успението на Света Ана

    Православните верници денеска го одбележуваат Успението на Света Ана

    07.08.2026 во 17:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните христијани денеска, 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

    Света Ана била ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево. По долг и богоугоден живот, таа се упокоила во длабока старост.

    Денеска верниците го празнуваат нејзиното успение, додека нејзиниот главен празник се одбележува на 9 септември, под кој датум се напишани службата и житието.

    Според преданието, таа со својот сопруг Јоаким живеела 50 години без деца. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа, па во една прилика заминал во пустината каде што со денови тагувал и се молел.

    Таму му се укажал ангел кој му соопштил дека Господ ќе го благослови со дете, а истото видение подоцна го имала и Ана. Врз основа на тоа ветување, во нивните подоцнешни години се родила Марија, Пресвета Богородица.

    Кога им се родила ќерката, Ана и Јоаким се ветиле пред Господ дека детето ќе му го посветат на храмот.

    Поради значењето на овој настан и вербата во нејзината благодат, во народот се верува дека луѓето што го носат името Ана се среќни и носат позитивни животни промени.

    Прочитај повеќе

    Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

    19.09.2026 во 15:43

    Дневен хороскоп: Овенот денеска нека одмора, Бикот да се посвети на себе

    19.09.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.