Close Menu
Press24
    Најново

    Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето

    07.08.2026 во 14:48

    Татко го бутнал 19 годишниот син по скали, момчето се здобило со тешки повреди

    07.08.2026 во 14:45

    Тешко повредена патничка во автобус во Аеродром

    07.08.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето
    • Татко го бутнал 19 годишниот син по скали, момчето се здобило со тешки повреди
    • Тешко повредена патничка во автобус во Аеродром
    • Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција – со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
    • Страотна сообраќајка во Скопје: Загина 19-годишно момче
    • Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
    • Дожд и грмежи на југозападот од Македонија: УХМР со детали
    • Серафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето

    Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето

    07.08.2026 во 14:482 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули, информираа денеска од Општината.

    Оттаму соопштија дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетувања на покриви, како и штети на возила предизвикани од откорнати делови од кровови и паднати дрвја.

    Пријавени се и штети од поплавување со атмосферски води кои навлегле во објекти од улици и тротоари, како и оштетувања на земјоделски насади.

    Од локалната самоуправа потсетија дека рокот за поднесување барања за обесштетување истече на 31 јули, согласно одлуката на Комисијата донесена по невремето од 20 јули. Согласно законската регулатива, од Општината потенцираат дека сопствениците на објектите имаат обврска преку тековно и инвестициско одржување да ги обезбедат основните барања за безбедност и функционалност на градбите. Комисијата за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово досега одржала два состанока, на кои биле разгледани сите пристигнати барања.

    По извршениот увид на терен и проценката на висината на штетите, Комисијата ќе изготви елаборат-извештај, кој ќе биде доставен до надлежната комисија формирана од Владата за понатамошно постапување.

    Прочитај повеќе

    Татко го бутнал 19 годишниот син по скали, момчето се здобило со тешки повреди

    07.08.2026 во 14:45

    Тешко повредена патничка во автобус во Аеродром

    07.08.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.