Close Menu
    Најново

    МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

    20.09.2025 во 16:02

    Драма во автобус на ЈСП: Две лица претепале 19-годишник

    20.09.2025 во 15:48

    Се запали автомобил во Скопје

    20.09.2025 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници
    • Драма во автобус на ЈСП: Две лица претепале 19-годишник
    • Се запали автомобил во Скопје
    • Возел електричен тротинет, изгубил контрола и паднал: Заврши во болница
    • Прилепчанец со мерцедес прегази пешак
    • Гостивар: Фиат се судри со мопед – едно лице заврши во болница
    • Уапсени две млади момчиња во Скопје – полицијата ги начекала со нож и марихуана
    • Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Адеми: Владата ја блокира европската иднина – ниту едно поглавје не е отворено

    Адеми: Владата ја блокира европската иднина – ниту едно поглавје не е отворено

    20.09.2025 во 12:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска изрази длабока загриженост поради, како што посочи, очигледниот застој на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, за што ја обвини актуелната влада.

    ДУИ укажа дека додека земји од регионот, како Црна Гора и Албанија, бележат напредок во преговорите со Европската Унија, Северна Македонија останува единствената земја која сè уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје.

    ФОТО: ДУИ

    „И покрај долгогодишните напори и спроведени реформи, нашата земја останува заглавена. Ова е резултат на блокирачки политики, политичка неспособност и отсуство на искрена волја кај владата“, изјави Адеми.

    ДУИ потсети дека партијата ВРЕДИ – коалициски партнер во владата – јавно ветила уставни измени како предуслов за учество во извршната власт, но досега, според ДУИ, тие ниту го исполниле ветувањето, ниту презеле конкретна иницијатива.

    „ВРЕДИ тврдеше дека ‘нема влада без уставни измени’, но останаа во владата и покрај непочитувањето на сопствените зборови. Дури и кога се политички отфрлени, тие се враќаат низ прозорец во проектот што ја шири агендата на ‘Српскиот свет’ во Македонија“, рече Адеми.

    ДУИ предупредува дека ваквиот застој го загрозува не само евроинтеграцискиот процес, туку и духот на Охридскиот рамковен договор, кој беше темел за стабилност и еднаквост во земјата.

    „Бараме итно отворање на преговарачките поглавја и отстранување на сите обструкции. Полноправното членство во ЕУ останува единствената гаранција за стабилност, безбедност и развој на државата“, нагласи Адеми.

    ДУИ, како што потенцира, останува доследна на европскиот пат на Северна Македонија и ќе продолжи да се бори за реализација на оваа стратешка цел.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

    20.09.2025 во 16:02

    Драма во автобус на ЈСП: Две лица претепале 19-годишник

    20.09.2025 во 15:48

    Се запали автомобил во Скопје

    20.09.2025 во 15:47

    Возел електричен тротинет, изгубил контрола и паднал: Заврши во болница

    20.09.2025 во 15:41
    последни вести
    Македонија

    МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

    20.09.2025 во 16:02
    Црна хроника

    Драма во автобус на ЈСП: Две лица претепале 19-годишник

    20.09.2025 во 15:48
    Црна хроника

    Се запали автомобил во Скопје

    20.09.2025 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.