Close Menu
Press24
    Најново

    Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август

    06.08.2026 во 11:29

    Преку 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавено и невреме

    06.08.2026 во 11:23

    Веселба се претворила во инцидент во Македонија: Пукал со пиштол, куршумите завршиле на куќа

    06.08.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август
    • Преку 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите, најавено и невреме
    • Веселба се претворила во инцидент во Македонија: Пукал со пиштол, куршумите завршиле на куќа
    • Познати резултатите од матурата: Просек 3,66, најуспешни стручните матуранти
    • Штерјова: Насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село мора веднаш да бидат приведени
    • Мајка со бабата ги убила своите четири деца – познат мотивот за трагедијата во Њујорк
    • „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8
    • Лепа Брена падна за време на настап во Будва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август

    Борозан: Катастрофата во Гостивар продолжува, официјалните анализи дури на 20 август

    06.08.2026 во 11:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со нови обвинувања во врска со кризата со питката вода во Гостивар, истакнувајќи дека граѓаните ги сносат последиците од загадената вода додека институциите доцнат со официјалните одговори.

    Представничката на партијата, Маја Борозан, на прес-конференција посочи дека состојбата во градот е алармантна.

    „Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да чекаат уште две недели за официјалните резултати“, изјави Борозан.

    Таа ја доведе во прашање претходната одлука со која водата беше прогласена за користење.

    „Тогаш врз основа на кои резултати ја прогласија водата дека е „технички исправна“ и може да се користи? Единствениот одговор е дека водата беше прогласена за исправна само затоа што така кажа Христијан Мицкоски. Како што рековме документ нема. Никој не сакаше да потпише и да сноси кривична одговорност. Сега знаеме кој треба да ја понесе, Мицкоски, Клекоски, Тошковски“, додаде таа.

    Борозан потсети и на изјавите на останатите функционери за состојбата на терен.

    „Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за хиперхлорирање и им порача на граѓаните само да ја пуштат водата да истече од чешмите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија. Сега истата власт бара граѓаните да чекаат до 20 август за официјалните анализи. Ова е неодговорно и недозволиво. Власта си игра со здравјето и животите на луѓето. Скандалот е уште поголем затоа што загадената вода стигна и до болницата во Гостивар. Ова е целосен распад на системот“, рече Борозан.

    Од СДСМ исто така обвинија за нетранспарентно трошење на буџетски средства за набавка на флаширана вода.

    „И додека граѓаните се трујат, тендер-патриотите прават бизнис. Владата преку СОЗР склучила бизнис-зделка од околу 100.000 евра за набавка на вода во Гостивар, со директно договарање, без јавен оглас. Додека народот се бори за здравје, некој профитира на неговата мака. За Гостивар мора да има одговорност, обвинителот да не чека насоки туку да постапува. Клековски, Тошковски и целата екипа мора одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење на народот. Одговорност мора да има!“, заклучи таа.

    Прочитај повеќе

    Штерјова: Насилниците што ги нападнаа младите во Ново Село мора веднаш да бидат приведени

    06.08.2026 во 11:11

    ЛДП: “Онколошките пациенти повторно се без терапија – Не смеат да трпат”

    06.08.2026 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.