Close Menu
Press24
    Најново

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајка со бабата ги убила своите четири деца – познат мотивот за трагедијата во Њујорк

    Мајка со бабата ги убила своите четири деца – познат мотивот за трагедијата во Њујорк

    06.08.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мајка и баба кои беа пронајдени мртви со нивните четири деца во стан во американската држава Њујорк планирале да го убијат целото семејство и да извршат самоубиство.

    Според истражителите, тие го направиле тоа под изговор да ги спасат децата од наводна злоупотреба од нивниот татко.

    Шефот на полицијата во Механиквил, Вилијам Рабит, изјави дека по повеќе од еден месец собирање докази е утврден наводниот мотив на Ејми Стедман (64) и нејзината ќерка Сара Мајерс (44).

    Мајката и ќерката, како и четирите деца на Мајерс – Харпер (13), Хадсон (11), Гевин (10) и Грејслин (10) – беа пронајдени мртви на 23 јуни, откако никој ги немаше видено повеќе од една недела.

    Според полициските сознанија, планирањето на убиството започнало на 5 јуни. Стедман и Мајерс разговарале за планот преку СМС-пораки. Исто така, биле пронајдени и рачно напишани белешки во кои се наведува дека ги извршиле убиствата за да ги заштитат децата од наводна злоупотреба од нивниот татко кој живее во Јута.

    Полицијата соопшти дека не успеала да ги потврди наводите за злоупотреба, а таткото на децата ги негирал овие обвинувања.

    Во деновите пред нивната смрт, Стидман и Мајерс во повеќе наврати купувале апчиња за спиење и други лекови на рецепт. Пораките укажуваат дека убиството и самоубиството се случиле на 10 јуни, а во нив разговарале како да им ги дадат лековите на децата.

    „Овие комуникации се важни бидејќи документираат многу повеќе од само планирање. Тие покажуваат дека Стидман и Мајерс комуницирале и се координирале додека се одвивале убиствата“, рече Рабит.

    Истражителите открија дека едно од децата, Гевин Хармон, било избодено повеќе пати додека се обидувало да се одбрани. Било утврдено и дека Стидман на интернет пребарувала термини како „каде е најсмртоносното место за прободување“ и „да се најде каротидната артерија во вратот“.

    Полицијата претходно спровела две проверки на 13 и 17 јуни, но дури на 23 јуни влегла во станот по пријава од соседите за сомнителен мирис.

    „Ејми Стидман и Сара Мајерс постојано ги прикажуваат овие убиства како начин за заштита на децата. Без оглед на тоа што можеби го сметале за оправдување за нивните постапки, убиството на четири деца не може да се опише како заштита“, рече Рабит.

    Истрагата за овој случај сè уште продолжува.

    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.