Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

    05.08.2026 во 20:32

    Трифуновски: Граѓаните на Гостивар се труеја со вода а Мицкоски отиде да отвора базен

    05.08.2026 во 20:30

    Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај – украдени пари од прометот

    05.08.2026 во 20:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август
    • Трифуновски: Граѓаните на Гостивар се труеја со вода а Мицкоски отиде да отвора базен
    • Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај – украдени пари од прометот
    • Утре пекол во Скопје: Температури до 39 степени
    • Полска прогласи највисоко ниво на предупредување за опасна горештина во Варшава
    • Чаир доби 20 нови клупи за граѓаните
    • СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство – а Мицкоски и Клековски на екскурзија
    • До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

    Клековски: Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август

    05.08.2026 во 20:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, најави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски, додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира.

    Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален.

    -Во основа сега излегуваме од акутната фаза, веќе можам да кажам дека сме влезени во нормален период. Бројот на првојавени пациенти се движеше од 40 до 80 овие неколку дена. Нормалната предепидемиска појава на стомачни проблеми со дијареа и повраќање се движи меѓу 25 и 100- изјави Клековски.

    Тој нагласи дека епидемијата официјално нема да заврши сè додека не се отстрани сомнежот дека новите случаи се поврзани со користењето на водата за пиење.

    Клековски рече дека постојано се настојува да се прават пријавите за заразни болести и да се вршат епидемиолошките анкети. 

    – И најдобрите епидемиолози во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје ги анализираат тие податоци. Значи, ние влегуваме во една нормалност бидејќи бројот на заболени е како во август минатата година, условно да кажам – додаде Клековски.

    На обвинувањата од опозицијата, министерот ја повика конечно да го дефинира кривично дело што го сторил, да подготви кривична пријава и да ја поднесе во Јавното обвинителство.

    – Јас ќе се јавам да дадам изјава во Јавното обвинителство, веднаш штом опозицијата, односно конкретно СДСМ, ќе дефинира кое кривично дело сум го сторил. Вака, изјави на прес-конференции без дефинирање кој закон, која регулатива е повредена и со што сум го сторил кривичното дело, е, само лош политички маркетинг. Јас одговорно тврдам дека и како министер и Министерството соодветно реагираме – категоричен беше Клековски.

    Министерот додаде дека сега, по стивнувањето на акутната фаза, има доволно време да се направи анализа. Експертскиот тим од Министерството, како што посочи, работи на таа анализа. Тој соопшти дека во врска со ова, веќе се имале изјаснето сите вклучени јавни установи.

    – Сакаме хронологијата да ја споделиме со другите надлежни институции, во овој случај Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за управување со кризи, за тие да надополнат во хронологијата и тоа ќе го објавиме – посочи министерот за здравство

    Прочитај повеќе

    Почина 27-годишен затвореник во кумановскиот затвор

    24.07.2026 во 20:42

    УХМР со најнова прогноза: Од утре голем пресврт

    23.07.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.