Close Menu
Press24
    Најново

    Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

    05.08.2026 во 12:39

    Две девојки од Тетово преживеале хорор – морале да скокнат од такси во движење, возачот не ги однел на бараната локација и не запирал

    05.08.2026 во 12:34

    Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот

    05.08.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција
    • Две девојки од Тетово преживеале хорор – морале да скокнат од такси во движење, возачот не ги однел на бараната локација и не запирал
    • Син го замрзнал телото на татко си за да му ја зема пензијата – грозоморен случај го потресе регионот
    • Верижна сообраќајка кај Битола: Осум лица се тешко повредени, учествувале четири возила
    • Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост
    • Трагедија при дива сеча во струшко: Почина работник, поднесена кривична пријава против организаторот
    • Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид
    • Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

    Дрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзиција

    05.08.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ја зачувува енергетската сигурност и ги поставува темелите на енергетиката преку најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори и ефикасноста, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.

    На денешната прес-конференција, тој посочи дека е усвоен нов Закон за енергетика кој е целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница, како и Интегрираниот национален план за енергија и клима (NECP) 2025-2030.

    „Со тоа создадовме стабилна и предвидлива правна рамка што обезбедува сигурност за граѓаните и привлекува сериозни инвестиции“, истакна Дрвошанов.

    Според неговите податоци, заклучно со 1 јуни 2026 година пристигнале над 800 инвестициски иницијативи по јавниот повик за 2027 година во делот на обновливите извори. Дополнително, финализиран е проектот за државен батериски систем со капацитет од 300 MWh во соработка со ЕБОР, воспоставен е ГИС-систем за дигитализација за ветерна енергија, а исплатени се и над 50 милиони денари поддршка за производство од обновливи извори.

    „Ова значи поголема домашна енергетска независност и помала изложеност на ценовните шокови“, додаде тој.

    Во делот на енергетската ефикасност е усвоен тригодишен план за реконструкција на 14 државни објекти во кои се сместени 33 институции, со вредност од 11 милиони евра. Обезбедени се и дополнителни 50 милиони евра со АФД, 18 милиони евра преку Светска банка и почетен капитал од 5 милиони евра за независен Фонд за енергетска ефикасност.

    Во рамки на праведната енергетска транзиција, активирани се 61 конкретна мерка преку Советот за праведна транзиција, додека меѓународната поддршка од Европската комисија изнесува 65,7 милиони евра преку Планот за раст за Западен Балкан, заедно со 5,2 милиони евра ИПА средства и забрзана реализација на интерконекторите со соседните земји.

    „Продолжуваме да градиме енергетски систем кој е сигурен, модерен и одржлив, во интерес на секое домаќинство и на идните генерации“, заклучи Дрвошанов.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост

    05.08.2026 во 12:19

    Цветановски: Во Гостивар има бактерија во водата, а ВМРО-ДПМНЕ прави бизнис од 100.000 евра без тендер

    05.08.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.