Close Menu
Press24
    Најново

    Продолжува битката со пожарот кај Раец: 45 лица и механизација на терен

    04.08.2026 во 09:48

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    04.08.2026 во 09:41

    Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче

    04.08.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Продолжува битката со пожарот кај Раец: 45 лица и механизација на терен
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче
    • Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините
    • Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот кај Кавадарци – Повеќе екипи на два правци го гаснат огнот
    • Гореше низ цела Македонија – 29 пожари на отворено, два активни
    • Несреќа за празникот во Македонија: Тешко повредено деветгодишно дете
    • СДСМ бара одговорност од Мицкоски: Владата сè уште нема доказ дека водата во Гостивар е исправна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува битката со пожарот кај Раец: 45 лица и механизација на терен

    Продолжува битката со пожарот кај Раец: 45 лица и механизација на терен

    04.08.2026 во 09:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 6 часот утринава продолжува координираната акција за гаснење на пожарот во реонот на село Раец, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на Фејсбук.

    Тој посочи дека екипите се распоредени на потезите Дреново – Ќесендре и Раец – Дреново – Ќесендре, каде продолжуваат активностите за ставање на пожарот под контрола.

    Во интервенцијата се вклучени екипи од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување, ОВР Кавадарци и ЈП „Национални шуми“.

    На терен се користи расположлива механизација и опрема, меѓу кои булдожер, цистерни за вода, скипови, шумарски камион, како и околу 20 возила и теренски машини – унимози, пинцгауери, џипови и друга опрема потребна за интервенцијата.

    Според Јанчев, во акцијата се ангажирани околу 45 лица – пожарникари, полициски службеници, вработени од надлежните институции и оператори на механизацијата, сите со соодветна заштитна и противпожарна опрема.

    „Целта на денешната акција е целосно локализирање и гаснење на пожарот. Благодарност до сите кои со пожртвуваност и професионалност се вклучени во оваа тешка и одговорна задача“, наведе Јанчев.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    04.08.2026 во 09:41

    Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче

    04.08.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.