Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања
    • Семејна драма во Македонија – Брат ја истепал сестрата
    • Подгответе се за одмор – Наскоро два продолжени викенди
    • СДСМ до Мицкоски: „Ние сме за институции – не сме за банда”
    • Одлуката на РКЕ стапи на сила: Нови цени на бензинот и дизелот
    • Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник
    • Ниски температури на стартот на денот – УХМР со временска најава
    • Проверете го срцето бесплатно: Превентивни прегледи денеска во „Дајмонд мол“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините

    Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините

    04.08.2026 во 09:10Updated:04.08.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР издаде метео предупредување за топлотен бран на територијата на Македонија.

    -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, велат од УХМР.

    Според најавите на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во следните неколку дена, при што на одредени места температурите ќе надминат 40 степени. Од четврток па сè до крајот на неделата, во попладневните часови ќе има услови за развој на локална нестабилна облачност, со можност за краткотраен пороен дожд и грмежи.

    Ова се препораки за граѓаните за горештините кои ја зафаќаат Македонија:

    Избегнувајте директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот, особено од 10 до 17 часот.

    Пијте доволно течности, најдобро вода, дури и кога не чувствувате жед.

    Носете лесна, широка и светла облека, како и капа или шешир при престој на отворено.

    Користете заштита од сонце и престојувајте во разладени простории кога е можно.

    Избегнувајте тешка физичка работа и спортски активности во најтоплите часови.

    Не оставајте деца, постари лица или домашни миленици во паркирани возила, дури ни кратко време.

    Возрасните лица, хронично болните, бремените жени и малите деца треба да бидат особено внимателни.

    Редовно проверувајте ги лицата кои живеат сами или имаат потреба од помош.

    Внесувајте лесна храна, повеќе овошје и зеленчук, а избегнувајте тешки и масни оброци.

    Проветрувајте ги просториите во раните утрински и вечерните часови, а во текот на денот затворете ги ролетните или завесите.

    При појава на симптоми како вртоглавица, слабост, главоболка, мачнина, забрзано чукање на срцето или збунетост, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Семејна драма во Македонија – Брат ја истепал сестрата

    29.09.2026 во 09:03

    Подгответе се за одмор – Наскоро два продолжени викенди

    29.09.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.