Турскиот државјанин Р.А. (54) почина за време на летот на линијата Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, мажот во текот на летот отишол во тоалетот од авионот.
Откако стјуардесата забележала дека патникот го нема подолго време, ја отворила вратата и го пронашла во несвесна состојба.
По принудното слетување на белградскиот аеродром, медицинските екипи веднаш интервенирале, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
По наредба на дежурното обвинителство, телото на починатиот патник е испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

