Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотен бран ја зафаќа Македонија: ИЈЗ апелира да не се излегува од 11 до 17 часот

    Топлотен бран ја зафаќа Македонија: ИЈЗ апелира да не се излегува од 11 до 17 часот

    31.07.2026 во 18:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави серија препораки за заштита на здравјето на граѓаните поради најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за екстремно високи температури кои ќе ја зафатат земјата од утре, 1 август, па сè до 7 август.

    Според УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ, во деновите од продолжениот викенд и во текот на следната седмица времето ќе биде многу топло, со дневни температури кои насекаде ќе надминуваат 32 степени, а во одделни места ќе достигнат и над 40 степени. Високи температури ќе се бележат и во ноќните часови.

    Од ИЈЗ апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, како и престој во климатизирани простории. При задолжителен престој на отворено, потребно е да се прават чести одмори во сенка.

    Во однос на исхраната и хидратацијата, советниците од ИЈЗ укажуваат да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека чувство на жед, а да се избегнуваат масна храна, шеќери, алкохол, кофеински и премногу студени пијалаци.

    Посебна дисциплина и редовно земање на терапијата се бара од ранливите категории – лицата над 60 години, бремените жени, децата, социјално ранливите, работниците на отворено и хронично болните лица. За какви било промени во состојбата, тие веднаш треба да се консултираат со матичен лекар.

    За разладување на домовите се препорачува затворање на прозорците и ролетните преку ден и нивно отворање навечер. Од ИЈЗ посебно предупредуваат да не се оставаат лица во паркирани возила, а за разладување на телото да се користат млаки тушеви и ладни облоги.

    При појава на симптоми како зашеметеност, слабост или интензивна главоболка, потребно е веднаш да се премине во ладна просторија и да се консумираат течности со електролити. Доколку топлотните грчеви во мускулите траат подолго од еден час, неопходно е да се побара лекарска помош.

    Од Институтот предупредуваат дека доколку некое лице има сува кожа, грчеви или е во бессознание, веднаш треба да се повика Итна медицинска помош на 194 или 112. Додека се чека екипата, лицето треба да се постави во хоризонтална положба со подигнати нозе над 20 сантиметри, да се расоблече и постојано да се разладува со вода, без да му се дава терапија

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.