Највисока максимална температура денеска е измерена во Велес каде термометрите достигнаа 38,9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците од мерните станици за измерената температура во 17 часот, веднаш зад Велес по топлото време се Демир Капија со максимални 38,5 степени, Виница со 37,7 и Кавадарци со 37,6 степени.
Во Гевгелија е измерена максимална температура од 37,2 степени, додека во Скопје температурата достигнала 37 степени на Зајчев Рид и 36,9 степени во Петровец.
Високи температури се забележани и во Струмица (36,8°C), Штип (36,1°C) и Тетово (34,6°C).
Во Битола се измерени максимални 33,9 степени, Тополчани 33,2°C, Прилеп 33,0°C, а во Крива Паланка 32,8 степени.
Посвежо време со температури до 32 степени е регистрирано во Ѓуриште (32,1°C), Пожаране (31,5°C), Берово (31,4°C) и Радовиш Пожар (30,3°C).
Под границата од 30 степени денеска биле Претор со максимални 29,6 степени и Крушево со 27,1 степен.
Најниска максимална температура денеска е измерена на Попова Шапка и изнесувала 21,6 степени.

