Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
- Тешка сообраќајна несреќа кај Градско: Повредени осум лица во судир меѓу „ауди“ и „хјундаи“
- Серија апсења во Скопје
- Подгответе се за тропски викенд – температурите ќе надминат 40 степени
- Мицкоски: Оваа година во здравството имаме рекордно издвојување од над милијарда евра
- Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај
- Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата
- Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација
- Мицкоски: Не се планира укинување на вториот пензиски столб

