Времето утре сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.
УХМР најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

