Нови економски пресеци, регуларни контроли на горивата и категорични деманти во врска со шпекулациите за пензиските фондови стигнаа од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За време на неговата работна посета на Битола и обиколката на тамошната Клиничка болница, премиерот се осврна на актуелните економски прашања, најавувајќи ги новите извештаи за инфлацијата и следењето на цените преку институционалните механизми.
Во врска со редовните процедури што ги води Регулаторната комисија за енергетика, премиерот потсети дека веќе во понеделник ќе се прават новите анализи за цените на горивата.
„Но, врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема поинакви приоритети, нагласи Мицкоски.“
Покрај економските темеми, првиот човек на власта се осврна и на актуелните гласини во јавноста кои предизвикаа загриженост кај граѓаните околу наводното укинување на вториот пензиски столб, отфрлајќи ги таквите тези како целосно неосновани.
„Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема, истакна премиерот Мицкоски.“

