Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екслодирала батерија во ранец додека возел велосипед – Маж се бори за живот, повредено и деветгодишно дете во Германија

    Екслодирала батерија во ранец додека возел велосипед – Маж се бори за живот, повредено и деветгодишно дете во Германија

    30.07.2026 во 19:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лекарите во Германија се борат за животот на 45-годишен маж кој се здобил со тешки повреди откако батерија што ја носел во ранецот експлодирала додека возел велосипед. Во инцидентот со полесни повреди се здобило и деветгодишно момче кое било во негова близина.

    Несреќата се случила во местото Јушен, во јужниот дел на покраината Тирингија. Мештаните од градот со околу 1.500 жители слушнале силна експлозија, по што затекнале запален човек и шокирано дете во близина.

    Според информациите од локалните медиуми, од зачудувачки и сè уште непознати причини експлодирала батерија од квад-велосипед која 45-годишникот ја пренесувал во својот ранец.

    Од силната експлозија се запалиле ранецот и облеката на мажот. Мештаните веднаш реагирале со канти со вода за да го изгаснат пламенот додека пристигнат службените екипи, а остатоците од детонацијата ја запалиле и блиската жива ограда и ливада.

    На терен веднаш пристигнале противпожарни екипи, медицинска помош и хеликоптер со кој повредениот бил префрлен на понатамошно лекување.

    „45-годишниот маж претрпел исклучително сериозни повреди на грбот и левата страна од телото и морал итно да биде префрлен со хеликоптер во специјализирана клиника во Хале. Детето претрпело полесни повреди“, изјави портпаролката на полицијата Ана-Катрин Зајферт.

    Криминалната полиција во Зул започна истрага за да ги утврди причините што довеле до експлозија на батеријата.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.