Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЛДП: Со 4 денари за килограм, производството на јаболко не е исплатливо
    • ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши
    • „По трагедијата се смени, не беше истиот, почнавме да се плашиме од него” – Морничави детали за Петар кој го уби својот долгогодишен пријател во Србија
    • Мицкоски од САД: Нови можности за уште посилни односи
    • УХМР со временска најава: Сонце до сабота, потоа многу лоши вести за времето
    • Хорор за малолетник од Македонија: Го нападнал 42-годишен маж додека шетал со другарите
    • Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор
    • Младите на 30,7 години сè уште со мама и тато: Македонија меѓу европските рекордери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи се столб за европската перспектива на земјата

    Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи се столб за европската перспектива на земјата

    30.07.2026 во 19:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска го пречека на средба амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

    За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество.

    Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество.

    Министерот Ферати и амбасадорот Рокас разговараа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел зголемување на ефикасноста во изготвувањето и спроведувањето на политиките што придонесуваат за социјална кохезија.

    Двајцата соговорници ја поздравија континуираната поддршка на Европската Унија за проекти што придонесуваат за рамномерен развој на регионите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

    Министерот Ферати изрази благодарност за партнерството со Европската Унија, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на соработката во иницијативи што го зајакнуваат соживотот, институционалниот развој и европската перспектива на земјата.

    Прочитај повеќе

    ЛДП: Со 4 денари за килограм, производството на јаболко не е исплатливо

    17.09.2026 во 10:05

    ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши

    17.09.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.